Новиот селектор на А репрезентација, Љубинко Друловиќ со пораз од Словачка 2-1 во квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година дебитираше на селекторската позиција.
Бедемот пред македонскиот гол попушти уште во осмата минута кога Корнел Салата погоди за 1-0. Во 38-та минута капитенот на словаците, Марек Хамшик го зголеми водството стрелајќи за 2-0.
Избраниците на Љубинко Друловиќ во 69-та минута преку Аријан Алими го постигнаа почесниот погодок и го ублажија поразот, кој е петти во квалификациите.
Македонија натпреварот во Жилина го заврши со десет фудбалери откако во 84-та минута втор жолт автоматски доби офанзивниот Ферхан Хасани.
„Црвено жолтите“ со една победа во шест натпревари се наоѓаат на претпоследната позиција само со два предност од фенерџијата Луксембург.
Ohridnews