Селекцијата на Данска е првиот патник во 1/4 финалето од Европското првенство, победувајќи ја репрезентацијата на Велс со 4-0 (1-0), на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам.

Натпреварот кој требаше да биде тврд и неизвесен до самиот крај се претвори во симултанка на Данска, која одигра маестрално од првата до деведесеттата минута. Данците подобрата игра ја капитализираа во 29-та минута кога Каспер Долберг го отвори резултатот. Истиот фудбалер во 48-та минута го дуплираше водството. Во финишот Јоаким Маеле реализираше за 3-0, а Мартин Бретвајт стави печат со четвртиот погодок во мрежата на велшаните.

Данска во 1/4 финалето силите ќе ги одмери со победникот од дуелот Холандија – Чешка, а вечерва со почеток во 21 часот ќе се одигра нов осминафинален натпревар. Италија ќе се судри со Австрија.

OhridNews