Селекциите на Белгија и Данска се сигурни патници од Б групата во нокаут фазата од Европското првенство. Финска ќе чека шанса како третопласирана, додека без шанси е Русија, која финишираше на четвртата позиција.
Данците во последната рунда влегоа без бодови и со најмали шанси за пласман понатаму во однос на Финска и Русија. Селекцијата на Данска во одлучувачкиот натпревар со Русија славеа со 4-1, а помош доби од Белгија која со 2-0 ја совлада Финска.
Покрај Белгија и Данска, денеска, прогрес во нокаут фазата обезбедија Холандија и Австрија, кои патуваат од Ц групата.
OhridNews