На неполна недела од почетокот на европскиот ракометен собир, ЕХФ ги одреди селекции кои се фаворити за освојување на титулата. Европското првенство стартува на 9 јануари (четврток), а помеѓу селекции учеснички се наоѓа и Македонија.
Фаворит број еден според ракометните стручњаци е селекцијата на Данска. Репрезентацијата предводена од Микел Хансен на хартија има најголеми шанси за титулата. Данците на ЕП патуваат како светски шампиони и сигурно ќе сакаат во витрините да додадат и европската титула.
Втора репрезентација која може до златото е Франција. Потоа следуваат Шпанија, Германиј и Норвешка.
Селекцијата на Македонија на листата се наоѓа на 13-та позиција. Ривалите на „црвено жолтите“ имаат послаб рејтинг на фаворитската листа, но тоа ништо не значи во пресрет на натпреварите. Македонија силите во групата ќе ги одмери со Украина, Чешка и Австрија.
Титулата на ЕП ја брани Шпанија.
OhridNews