Строгиот карантин и 24-часовната контрола во Хотелот „Мериот Гранд“, во Букурешт не им смета на македонските репрезентавци во финалните подготовки за настапот на Европското првенство во фудбал. Напротив, атмосферата во „црвено жолтиот“ состав е на големо ниво, а сето тоа се „билда“ со македонската народна музика за која се задолжени Елиф Елмас и Дарко Чурлинов.
🎚Звучникот на Елмас и другарите!🎉 #EURO2020 #MKD pic.twitter.com/u6zfj4p21q
— Team Macedonia (@PrvaLigaMK) June 10, 2021
Македонија првиот натпревар на Европското првенство во фудбал го игра в недела (13 јуни) против Австрија, а потоа следуваат мечевите со Украина и Холандија.
OhridNews