Репрезентација на Македонија, денеска со почеток во 19:30 часот, против селекцијата на Црна Гора ќе го одигра последниот натпревар во подготвителниот период за Европското првенство кое започнува на 9 јануари во четврток.

Селекторот Данило Брестовац после денешниот напревар ќе добие уште појасна слика за изгледот на македонската репрезентација. Со голем пех националниот состав се соочи после повредата на Велко Маркоски, кој многу веројатно ќе го пропушти стартот на ЕП, а за потоа не е ништо сигурно.

Во текот на подготовките, црвено жолтите“, забележаа три победи и претрпе два порази и денеска ќе атакуваат нов триумф за позитивен биланс и добра атмосфера пред ЕП.

Македонија првиот меч на ЕП го игра на 10 јануари против селекцијата на Украина. Потоа следуваат натпреварите со Чешка и домаќинот Австрија.

OhridNews