Македонската фудбалска репрезентација во четвртиот натпревар од квалификациите за ЕП во Франција ќе се сретне со Словачка на „Филип Втори“.
Селекторот на „рисовите“ Бошко Ѓуровски за тој натпревар на располагање ќе ги нема Марио Ѓуровски и фудбалерот на Бронби, Ферхан Хасани.
– Почнав со тренинзи, но индивидуални, а не со екипата. Ништо чудно на крајот да одам на операција за санирање на повредата – рече Хасани за „Македонски спорт“.
Македонија по три одиграни натпревари има една победа над Луксембург 3-2 и два пораз Шпанија 5-1 и Украина 1-0.
Мх.П.