Една од земјите домаќини на Европското првенство во фудбал, Италија, обезбеди пласман во елиминациската фаза, откако забележа победа и на вториот натпревар од мечевите по групи. Вчеравечер,  на „Олимпико“ во Рим падна Швајцарија, која изгуби 3-0.

„Азурите“ теренската надмоќност ја валоризираа во 26-та минута кога Мануел Локатели погоди за 1-0. Истиот фудбалер во 52-та минута зголеми на 2-0. Италијаните печат на победата ставија во финишот кога Чиро Имобиле реализираше за 3-0.

Италија со шест бодови е лидер на табелата во А групата, Велс е второпласиран со четири бодови, Швајцарија има еден бод и се наоѓа на третата позиција, додека Турција е четвртопласирана без бодови.

Во последната рунда силите ќе ги одмерат Италија – Велс односно Турција – Швајцарија.

OhridNews