Младата звезда на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд не го помина последниот рез и отпадна од комбинација за настап за Англија на Европското првенство во фудбал.
Гринвуд годинава блескаше во дресот на „црвените ѓаволи“, но сето тоа не беше доволно за селекторот Герет Саутгејт.
Покрај Гринвуд последниот рез не го поминаа Џејмс Ворд Праус, Оли Воткинс, Џеси Лингард, Арон Рамсдејл, Бен Вајт и Бен Годфри.
Англија на ЕП е во групата Д заедно со Хрватска, Чешка и Шкотска.
- Холандија без Каспер Силесен на ЕП
Првиот голман на фудбалската репрезентација на Холандија, Јаспер Силесен ќе го пропушти Европското првенство ова лето поради позитивен тест на коронавирус.
„Единицата“ на шпанска Валенсија поради самоизолација го пропушти неделниот репрезентативен камп во Португалија, а селекторот на „лалињата“, Франк де Бур не сака да ризикува со тоа кога Силесен ќе се врати во националниот тим, па го избрши од списокот на патници на континенталниот собир.
На негово место во репрезентацијата е повикан чуварот на мрежата на АЗ Алкмар, Марко Бизота, кој ќе биде трета опција покрај Тим Крул (Норич) и ветеранот Мартин Стелекенбург (Ајакс).
Холандија е во групата Ц заедно со Македонија (дуелот го играме во Амстердам, на 21. јуни), додека претходно „лалињата“ ќе треба да ја оправдаат фаворитската улога против Украина на 13. јуни, односно Австрија на 17. јуни.
OhridNews