Вториот полуфинален натпревар на Европскјото првенство ќе се одигра вечерва помеѓу репрезентациите на Холандија и Англија во Дортмунд со почеток во 21 часот.

Пред мечот капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн искажа пофални зборови за холандскиот дефанзивец Вирџил ван Дајк.

Со текот на годините во Саутемптон и Ливерпул одигравме многу големи натпревари и имавме добри средби. Некогаш тој ја добиваше битката, некогаш јас. Ќе биде тежок натпревар. Ќе се подготвам да му ги отежнам работите, а тој ќе го направи истото за мене. Сакам да играм против најдобрите играчи во светот, изјави Кејн, за „Sky Sports“.

Прв финалист е репрезентацијата на Шпанија која синоќа ја совлада Франција со 2:1.

Г.М.