Репрезентациите на Грузија и на Чешка одиграа нерешено 1:1 попладнево во Хамбург, во натпревар од 2. коло во Ф-групата.
Избраниците на селекторот Вили Сањол го отворија резултатот од пенал преку Жорж Микаутадзе во 45+4 минута.
Во вториот дел чешкиот репрезентативен напаѓач Патрик Шик го израмни резултатот.
Чесите по израмнувањето тргнаа во целосна офанзива која можеше скапо да ги чини. Се играше 95 минута, последна од продолжението. Сите играчи на Чешка беа на половина на Грузија која тргна во контра напад 3 на 1 но завршниот удар заврши над пречката.
Грузија и Чешка имаат освоено по 1 бод по два натпревари на ЕП 2024 и за пласман во осминафиналето ќе бркаат победа во последното коло од групната фаза.
Од 18 часот играат Португалија и Турција по што ќе биде комплетирано 2. коло во оваа група.
На 26 јуни Грузија игра со Португалија, Чешка истиот ден ќе се сретне со Турција.
OhridNews