Првото европско првенство се одржа во 1960-та година, а се до 1976-та година на самитот играа играа само четири најдобри репрезентации од квалификациите.
Во периодот од 1980-та до 1992-та година, на завршницата на ЕП играа по осум репрезентации, а сегашниот формат со 16 репрезентации се игра од ЕВРО 1996-та година во Англија.
По зголемувањето на бројот на учесници на завршницата на Европските првенства за очекување е и промена во квалификацискиот систем со што би се отворила прилика и за малите земји како нашата да бидат дел од едно големо натпреварување.