Полуфиналните натпревари не донесоа ракомет за “око“, а кој и да се најдеше во финалето немаше да биде незаслужено.
“Коцкастите“ дo триумфот над бранителот на трофејот Франнција (24-23) ги предоводеа Ивано Балиќ со 5 и Петар Метличич со 6 погодоци, мала утеха за Французите е тоа што на теренот ги имаа најефикасните Нарцис и Абало со 7 погодоци.
Смирената рака на Кристијансен во финишот ги одведе данците во големото финале. “Црвените“ успеаа да ја надохнадат негативата од првиот период (10-13) и со голот од пенал во последните секунди да го совладаат големиот ривал Германија со 26-25.
Овие две репрезентации играа меѓу себе во натпревар во групата 1. Данците тогаш ја торпедираа Хрватска со 30-20.
Малото финале на програмата е во 13.30, додека мечот кој ќе го даде Европскиот првак започнува во 16.00
Во натпреварот за петто место дури по две продолженија Шведска ја совлада Норвешка 36-34. Со освоеното петто место “викинзите“ обезбедија пласман на нареднот СП 2009 година во Хрватска.
Пред почетокот на натпреварите за медаљи ке биде извршена ждребката за Јунскиот бараж.
Можни противници на нашата репрезентација се
Полска, Црна Гора, Шпанија, Исланд, Русија,Чешка,Норвешка, Словенија и Унгарија.