Победите на Азербајџаан,Лихтенштајн и прекинот на постот на Англија ги одбележаа вчерашните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2008.

Група А

Азебејџан 1-0 Финска. По поразот на гостувањето во Баку финците во голема мерка си ги загрозија шансите за пласман на ЕП. Изненадувачката победа за Азербејџан прва во овие квалфикации и трета во нивната историја во кавлификациите со евро предзнак ја осигура Емин Имамалиев во 83 мин.
Полска  1 – 0  Ерменија  Минимално со голот на Зуравски во 26 мин Полсак славеше над Ерменија за петта победа во низа . Остануваат на врвот на табелата со пет бода предност пред второ пласираната Португалија .
Србија 1 – 1 Португалија Без победник 1-1 заврши дербито во А групата на Маракана во Белград пред 51.000 гледачи.По 5 мин игра Тиаго ги доведе гостите во водство а изненачувачкиот гол во 37 мин го постигна Јанковиќ по корнерот на Станковиќ.

1. Полска             6 16
2. Финска            6 11
3. Португалија    6 11
4. Србија             6 11
5. Белгија            6  7
6. Казакстан        6  5
7. Азербејџан      6  4
8. Ерменија         5  1
———————————————————————————————

 Група Б

Украина  1 – 0 Литванија По повредата во тимот се врати капитенот Андреј Шевченко ,но единствениот гол кој ги врати на врвот во табелата го постигна Олег Гушев во  48 мин .

Грузија 3 – 1 Фарски Острови Со убедливата победа Грузијците ги задржуваат тероетските шанси за пласам на ЕП

Италија 2 – 0 Шкотска Со двата погодоци со глава Лука Тони ја спаси клупата на Донадони ,доминатната игра во Бари азурите ја крунисаа со головите во 12’ и 70’ и остануваат во игра за место на ЕП .



1. Франција      5  12
2. Шкотска        6  12
3. Украина        5  12
4. Италија         5  10
5. Грузија          6  6
6. Литванија     5  4
7. Фарски О.     6  0
———————————————————————————————

Група Ц

Унгарија 2 – 0 Молдавија Новиот унгарски селектор Петер Вархиди дебитираше со победа на клупата на Унгарската селкција совладувајки ја Молдавија со 2-0 .Томас Хајн во 9’  и  Золтан Гера 63 ’ беа творци  на победата
Малта 0 – 1 Грција Минамално со тешки маки Грците ја совладаа Малта со гол од сомлителен пенал.стрелец беше Ангелос Басинас во 66’
Турција 2 – 2 Норвешка Благодарение на катастрофалната вечер на голманот на Норвежаните Мире турците стигнаа до бод на натпреварот кој поради суспензијата се играше пред празни трибини во Франкфурт.2-0 водство имаа Викинзите по првите 45 мин со головите Брене и Андерсен. Водството прво го намали ,а потоа и анулираше Хамил Алтинтоп .

 1. Турција     5  13
2. Грција        5 12
3. БиХ             5 7
4. Норвешка  5 7
5. Унгарија    5 6
6. Малта         5 4
7. Молдавија  6 2

———————————————————————————————

Група Г

Чешка 1 – 0 Кипар Пред само 9 000 гледачи Чесите се намачија со селекцијата на Кипар совладувајки ја 1-0 со голот на Роберт Ковач во 20 мин.
Ирска 1 – 0 Словачка Мини дербито во оваа група им припадна на ирците кои преку Кевин Дојл дојдоа во водство во 13 ’ мин кое успеаа да го одржат до крајот  .
Велс 3 – 0 Сан Марино Лесна и убедлива победа на Рајан Гигс и другарите над Сан Марино 

 
1. Германија       5 13
2. Чешка             6  13
3. Ирска              7  13
4. Словачка        6  9
5. Кипар              6  4
6. Велс                5  3
7. С. Марино        5  0
———————————————————————————————

Група Е

Андора 0 – 3 Англија Двата погодоци на Жерард го спасија Мек Ларен од агонијата во која се наоѓаа Трите Лава. Добро за нив беше што мораа да се вадат на натпревар против Андора. Сепак не одеше така мазно, Англичаните отпорот го скршија дури во продолжението .

Израел 4 – 0 Естонија Лесна и убедлива победа на Изреалците во Тел Авив , во наредното коло Изреал и гостува на Македонија на Градски .

1. Хрватска      5 13
2. Русија          5 11
3. Англија        6 11
4. Израел         6 11
5. Македонија 7 7
6. Естонија      5 0
7. Андора        5 0
 
 ———————————————————————————————

Група Ф

Лихтенштајн 1 – 0 Латвија Лихтенштајн стигна до сензационална победа и првите бодови во квалификациите ЕП ’08 совладувајки ја Латвија во Вадуз со 1- 0 .Единствениот гол на натпрварот беше дело на напаѓачот на Сиена Марио Фрик .

Северна Ирска 2 – 1 Шведска Во директниот дуел за првото место селекцијата на Северна Ирска ја изненади фаворизираната Шведска. Викизите дојдоа во водство преку Елмандер. Повторно списител на Ирците беше Дејвид Хили, прво во 31 ’ израмни а потоа на додавањето на Џонсон 58` ја донесе победата.

Шпанија 1 – 0 Исланд Во дождливи услови на Мајорка,  Црвената фурија доминираше на мечот со Исланд, но до победата стигнаа со голот на Иниеста.

 

1. Шведска        5 12
2. С. Ирска         5 10
3. Шпанија         5 9
4. Данска           4 7
5. Латвија          4 3
6. Исланд           4 3
7. Лихтенштајн  4 3
———————————————————————————————

 Група Г

Бугарија 0 – 0 Албанија И покрај силниот притисок што го направија Бугарите не успеаа да го скршат отпорот о мораа да се задоволат со реми без голови
Романија 3 – 0 Луксембург Романија лесно според очекувањата со 3 – 0 го совлада Луксембург Стрелци на головите беа Муту, Контра и Марика.
Словенија 0 – 1 Холандија Благодарение на карамбол погодокот на ван Брнохорст во 86 ’ „лалињата“ стигнаа до значајна победа.

 
1. Холандија    5 13
2. Романија      4 10
3. Бугарија       5 9
4. Белорусија  5 7
5. Словенија    5 4
6. Албанија      5 3 
7. Луксембург 5 0

М.Постолоски