Англичанецот Ентони Тејлор, кој ја делеше правдата во финалниот плејоф во Тбилиси во ноември 2020 година, кога македонската фудбалската репрезентација ја совлада Грузија (1-0) и обезбеди дебитантски настап на ЕУРО2020, е назначен за главен судија на финалето во мундијалскиот бараж во вторник во Порто во кој „црвено – жолтите“ со победа ќе изборат историски пласман на Светското првенство во Катар.
Искусниот 43-годишен Тејлор, кој од 2013 година суди со знакот на ФИФА, беше главен арбитер во финалето на Лигата на нации во октомври лани меѓу Шпанија и Франција, а го судеше и Суперкупот на УЕФА во 2020 година меѓу Баерн Минхен и Севиља.
Македонската фудбалска репрезентација и гостува на Португалија во вторник од 20:45 часот, на стадионот „Драгао“ во Порто, чиј капацитет од 50.000 седишта е распродаден.
OhridNews