Претставата „Генерал на мртвата војска“ од Исмаил Кадаре а во режија на Дино Мустафиќ на кој заеднички работеа театрите од  Тирана и Приштина нема да се изведе на фестивалот Охридско лето. Поради техничко -матерјални причини оваа пртетстава нема да се изведе, објасни  директорот на Албанскиот театар Адем Карага.

– За жал таа соработка финансиски не можеше да се издржи така што своето премиерно издание претставата ќе го има на 4-ти септември 2009 година, посочи Карага.
 
Во терминот предвиден за оваа претстава, Албанскиот театар од Скопје, на 6-ти август во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“,  ќе ја изведе претставата „Албански ноќи“  во режија и драматизација на Ентон Каца – млад режисер кој долго време работел во Италија.

Ohridnews