Шпанскиот поп пејач Енрике Иглесијас, кој е во врска со поранешната тенисерка Ана Курникова веќе десет години, изјавил дека сеуште не е спремен за брак. Иако се зборувало дека тој и Ана тајно се венчале, популарниот пејач тоа го демантирал и додал дека сеуште не размислува за брак и деца.


Тој изјавил дека моментално не се чувствува спремен за брак и деца, но и признал дека во последниве години многу се смирил, како и дека неговиот животен стил не е распуштен како некогаш и дека е многу поодговорен. Сакал да биде сам со себе и да одмара во својот дом во Малибу. Тој бил таков тип на човек кој сака да излезе и да се забавува цела ноќ, но потоа немал потреба тоа да го повтори во следните месец дена.