Шпанската ѕвезда Енрике Иглесијас толку се заморил работејќи на десеттиот студиски албум „Секс + љубов“ кој ќе го објави во март, што повикал такси во Париз кое го возело само 20 метри.

Синот на Хулио Иглесијас излегол од хотелот „Џорџ Пети“, влегол во такси и излегол после 20 метри, пред хотелот „Де серс“, иако прошетката би траела помалку од една минута. Сепак, заморот не му сметал по излегувањето од таксито да застане и да се фотографира со своите обожаватели.