Шпанскиот пејач Енрике Иглесијас, кој 14 години е во врска со руската тенисерка Ана Курникова, изјавил дека нема намера да се ожени со неа. Тој во интервју рекол дека не гледа цел во евентуална таква одлука. Рекол дека не е против бракот, а убавата русинка ја запознал во 2001 година кога се појавила во неговиот спот за песната „Ескејп“.
Додал дека кога сте со некого толку долго не мисли дека бракот би ве поврзал уште повеќе и дека би сте биле посреќни. Според него Ана била најкул девојка на светот за него кога ја запознал и дека одлично се сложуваат. И Курникова го дели неговото мислење и смета дека бракот не би ги усреќил. Но Енрике сосема сигурно ќе ги усреќи своите фанови и тоа со нов албум кој ќе биде објавен на 18 март.