Латино пејачот Енрике Иглесијас ги израдувал дамите ширум светот кога во една емисија ветил дека ќе се соблече гол ако Шпанија стане првак на светското фудбалско првенство во Бразил ова лето. Тој во една емисија рекол дека ќе стори се што ќе побараат ако Шпанија ова лето победи во Бразил. Водителот му предложил доколку дојде до тоа, да направи еден концерт потполно гол.
Меѓутоа, пејачот имал друг предлог. Тој рекол дека би можел една песна или две, но два часа нема шанса. Предложил да се соблече гол и да прошета по најпрометната лондонска улица. Бидејќи поради една опклада претходно возел скутер гол, на дамите е на Светското првенство да навиваат за Шпанија.