Светската ѕвезда Енрике Иглесиас преку видео на неговата официјална Facebook страница, која има над 50 милиони следбеници, ги покани македонските фанови, на концертот во Скопје кој ќе се одржи на 20-ти јуни 2016 година во ВИП Арената на СЦ „Борис Трајковски“.

Концертот на најголемата латино ѕвезда е дел од неговата светска турнеја „Sex and Love“ во која го промовира својот последен студиски албум.

Енрике на македонската публика, меѓу другото, ќе ѝ се претстави со сите негови досегашни хитови, вклучувајќи ги последните и можеби најпопуларни „Bailando“, „El Perdon“, потоа, „Not In Love“, „Hero“, „Tonight“, „Bailamos“, „I Like It“… кои несомнено беа на челните позиции на разни топ листи во светот.

OhridNews