Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, по синоќешната победа над Стразбур (2:1) во натпреварот од 20. коло од францускиот фудбалски шампионат, зборуваше за амбициите задачите на Парижаните оваа сезона.
Дали најдов начин како тимот да напредува? Полошо ќе биде во март, подобро во април, не толку добро во мај, најдобро во јуни. Целта е да се освојат сите трофеи до 1 јуни. Ете колку сме храбри, изјави Енрике за „L’Equipe“.
Пари Сен Жермен е прв на табелата во Лига 1 со освоени 47 бода на 20 натпревари.
Следни предизвици за тимот на Енрике се средбите со Брест во Купот на Франција на 7 февруари, а на 14 февруари е првиот дуел со Реал Сосиедад во плејофот на Лигата на шампионите.
ПСЖ е актуелен шампион на Франција.
OhridNews