Фудбалерот од средниот ред на македонската репрезентација, Енис Барди рече дека е подготвен за настап на Европското првенство.

За потсетување, Барди пропушти поголем дел од подготовките во Скопје поради позитивен тест на коронавирус.

Ми беше тешко во карантин и мислев дека ќе го пропуштам Европското првенство. Среќа добро се заврши. Тренирав индивидуално и кога бев во изолација, па подготвен го дочекувам шампионатот. Секој од нас со нетрпение ги чека натпреварите и убеден сум дека ќе даде максимум на теренот. Јас веќе имам искуство од младинското ЕП, но ова е нешто друго. Не дојдовме овде да бидеме аутсајдери. Сакаме на сите да им покажеме дека и Македонија има квалитет и дека знае да игра одличен фудбал. Ќе уживаме во секој момент од ЕП, – изјави Барди.

Македонската репрезентација првиот натпревар на ЕП ќе го има на 13 јуни во Букурешт против Австрија. Во групата Ц се и селекциите на Украина и на Холандија.

OhridNews