Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди е под истрага од шпанската полиција, која се посомневала во исправноста на возачката дозвола. После рутинска контрола возачката на Барди била задржана в полиција, а фудбалерот веднаш се огласи на социјалните мрежи, се со цел да се спушти топката и да не се крена прашина.

Возачката дозвола која ја покажав на полицијата на 5 април е легална и извадена од институциите во мојата држава. Ова утро ја доставив цела документација до полицијата, издадена од Министерството за внатрешни работи на Македонија. Сакам со оваа документација да се разјасни недоразбирањето кое настана, – стои во објавата на Барди.

Во најбрз можен рок полицијата во Барселона треба да се искажа со конечен епилог од несакана ситуација во која се најде нашиот фудбалер.

OhridNews