Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди, повторно го очекува нова пауза, откако вчерашниот тест на коронавирусот излегол позитивен. Барди кој е асимптоматски случај тренира сам и нема контакт со останатите фудбалери од А репрезентацијата.
Фудбалерот на Леванте дефинитивно нема среќа кога се работи за проблемите и повреди во пресрет на настапите за македонската фудбалска репрезентација. Барди поради повреда на половина го пропушти натпреварот со Косово во полуфиналеот од баражот за Европското првенство, а моментално неможе заедно да тренира со „црвено жолтите“ и комплетно да се фокусира на континенталниот собир.
Барди за неколку дена ќе направи нов ПЦР тест, кој сите се надеваме дека ќе биде негативен и моторот на екипата во средниот ред ќе му се стави на располагање на селекторот Игор Ангеловски.
Македонската фудбалска репрезентација, денеска, во 18 часот, против селекцијата на Казахстан го игра последниот подготвителен натпревар во пресрет на ЕП.
OhridNews