Изминатиот викенд во Скопје се одржа силниот меѓународен боксерски турнир “Арена куп” на кој учество зедоа и охридските боксери Енис Алиу и Димитар Ѓорески.
Во своите мечови тие беа подобри од своите противници од Косово и Бугарија, совладувајќи ги на поени 3:0 Енис беше убедлив против првакот на Косово, Планет Бериша, додека Димитар го совлада бугарскиот шампион Најден Димитров.
На овој турнир учество зедоа најдобрите боксери од Косово, Албанија, Бугарија и Македонија а за најдобар боксер и освојувач на турнирот беше прогласен Охриѓанецот Енис Алиу.
OhridNews