Големиот композитор Енио Мориконе, кој ќе го отвори овогодинешното Охридско лето, во земјава ќе пристигне на 10 јули. Тој ќе отседне во претседателскиот апартман во х. „Метропол“. Со него ќе допатува неговата сопруга и 10-члена делегација.

Мориконе не поставувал посебни услови околу престојот во Охрид. Инсистирал само на мени да има традиционални македонски јадења. Ќе ги разгледа и културно историските знаменитости во Охрид и Свети Наум. Мориконе ќе се вози во ауди, што го обезбеди спонзорот „Порше – Македонија“ чии возила оваа година ќе бидат официјални на фестивалот Охридско лето, ни изјави директорот на фестивалот, Тони Симоноски.

Ohridnews