Четириесет и деветото Охридско лето ќе го отвори светски познатиот композитор Енио Мориконе, потврди дирекцијата на фестивалот. По долги преговори Мориконе ја прифатил понудата на „Охридско лето“.  На сцената на Античкиот театар на 12 јули тој ќе диригира со 200 уметници, сто оркестранти и со исто толку хористи.


Енио Мориконе

 
Мориконе, како што информираат од фестивалската управа, бил импресиониран од Античкиот театар и можноста неговиот концерт да се одржи на тој простор.


Фото со стариот пријател Зубин Мехта


Успешна мисија на убедување:
Директорот на „Охридско Лето“ Симоноски и Мориконе

 
Енио Мориконе е италијански композитор на филмска музика со светска слава. Во кариерата има направено музика за 570 играни филма меѓу кои се и светските хитови „Добриот, лошиот и грдиот“, „За грст долари“, „Беше еднаш на Дивиот Запад“, „Мисија“и други. Роден е на 10 ноември 1928, во Рим. Неговиот ран опус ги опфаќа симфониската и камерната музика, а славата ја стекнал првенствено пишуваајќи музика за филм, за што во  2007 година доби „Оскар“ за животно дело.

Ohridnews