Шкотската пејачка Ени Ленокс се омажила по трет пат, соопштила нејзината портпаролка. Некогашната ѕвезда на дуото “Eurythmics” се омажила за американскиот гинеколог Мич Бесер во саботата во Лондон. Церемонијата била одржана на палуба на еден брод на реката Темза, а на неа присуствувале оскаровецот Колин Фирт и комичарката Руби Вакс. Портпаролката соопштила дека тоа била приватна церемонија на која присуствувале пријателите и семејството.
Познатата пејачка прв пат се омажила во 1984 година за германецот Рад Раман, од кој се развела после една година. Потоа се омажила за филмскиот продуцент Ури Фрустман во 1988 година, со кој има три ќерки, а се развеле во 2000 година. Ленокс продала повече од 80 милиони албуми ширум светот за време на својата соло и кариерата во групата “Eurythmics”.