Спортска Струга доби нови приказна, откако група ентузијасти го формираа Футсал клубот „Енхалон 2020“.
Водени од желбата да се продолжи богатиот спортски континуитет, да се надополни спортската понуда во градот и да придонесат кон здрав развој на младата популација ја покренаа ова иницијатива, која се надеваме ќе наиде на одобрување и поддршка од страна на сите љубители на спортот во Струга. – стои во соопштението новиот клуб.
Основачи на футсал клубот „Енхалон 2020“ се Благоја Бојчески, Мухамед Моме Шаиноски, Садик Волина, Прпарим Беќири и Артан Цома. Во најскоро време клубот ќе ги презентира играчите и тренерскиот штаб кој ќе ја предводи екипата.
OhridNews