Нова студија дошла до сознанија дека енергетските пијалоци може да бидат почеток на патот кој води до консумација на алкохол, цигари и дрога кај тинејџерите. Студијата објавена во почетокот на оваа година во списанието ‘Addiction Medicine’ заклучува дека речиси една третина тинејџери во Америка пијат енергетски пијалоци со висок процент на кофеин, а припаѓале и во групата која консумира цигари, алкохол и лесни дроги.
Истата причина поради која сакат да пијат енергетски пијалоци (подигнување на енергијата и факторот ризик) ги наведува да пробаат и други супстанции, пишува Др. Ан Арбор, која со колегите учествувала во истражувањето.
Студијата исто така заклучува дека момчињата почесто консумираат енергетски пијалоци од девојчињата, а употребата е исто така зголемена кај децата кои се без родители и чии родители се помалку образувани.