Меѓународната конференција „Енергетика 2018“ која годинава се одржува во Охрид почнувајќи од денес до 06 октомври, собра над 70 научници и стручни лица во полето на енергетиката.

Во овој период ќе бидат презентирани повеќе од 30 научни и стручни трудови од страна на учесниците, а темите на кои ќе се разменуваат искуства се: пазарот на електрична енергија, енергетските стратегии, производството, обновливите извори, управувањето со електропреносниот систем, оптимизација во управувањето со дистрибутивната мрежа, енергетската ефикасност и екологијата итн.

Меѓу учесниците во конференцијата, се обрати и г-дин Харалд Дамерер, Управител на ЕВН Електродистрибуција ДООЕЛ.

„Во светот на електричната енергија во иднина ќе бидат потребни талентирани и креативни умови меѓу нашите вработени, студентите, интелектуалците и општеството во целина повеќе од било кога. Оваа трансформација е огромен предизвик за сите нас, но инстовремено претставува и голема можност. Сите вие, со размислувања и идеи надвор од рамките, ве охрабруваме да бидете иновативни да ни се придружите во идниот синџир на созавање на вредности во енергетиката.“ –  рече Дамерер.

Инаку, ЕВН е традиционален поддржувач на конференцијата, како и на низа други проекти и активности во функција на долгорочен развој во областа на енергетиката.

OhridNews