Италијанскиот возач Енеа Бастијанини е победник на седмата трка во Мото ГП шампионатот сезонава што се одржа во Ле Ман, за Големата награда на Франција.
Второто место го освои возачот на Дукати, Џек Милер, а третото, членот на „Априлија“, Алеш Еспаргаро, додека, актуелниот светски шампион Фабио Квартараро, заврши на четврто место.
Шампионатот продолжува на 29 мај со трката за Големата награда на Италија.
OhridNews