Британскиот тенисер Енди Мареј во првата рунда ги заврши мечевите на Австралија Опен, откако изгуби во пет сетови (6-4, 6-4, 6-7, 6-7, 6-2) од Роберт Батиста Агут.

Мареј и покрај проблемите со повредениот колк одлучи да настапи на австралискиот грен слем турнир и да не ги разочара своите навивачи. Одлуката не се покажа погрешна, затоа што Мареј даде се` од себе и после голема борба отпадна.

31-годишниот тенисер кој најави дека ќе се повлече од тенисот најави нова борба со повреда. Операција ќе направи и ќе проба да се врати на терените. – Можеби ќе се видиме повторно. Сега веќе не зависи ништо од мене и ова не е борба самостојна. Ме чека тешка операција, а сигурно дека ќе пробам да се вратам на терените.

Во кариерата Мареј има освоено три грен слем титули. Во 2013 и 2016 триумфираше на Вимболдон, додека 2012 победи во САД.

OhridNews