Извор близок до актерката изјави дека Ен е во второто тромесечие од бременоста и дека се чувствува сјајно. На Ен Хетавеј и нејзиниот сопруг Адам Шулман ова ќе им биде прво дете и обајцата се пресреќни што ќе го прошират семејството. Оскаровката веќе во неколку наврати зборуваше за тоа дека сака големо семејство, а иако сеуште самата не потврди дека е бремена, веќе некое време носи фустани кои и го кријат стомакот.

 

Се нагаѓа дека е во петтиот месец од бременоста. Таа во интервју минатата година изјави дека сакала да биде мајка уште од својата шеснаесетта година, но сакала и да има кариера. Додала дека чувствува како се ближи моментот кога би можела да има деца. Тогаш рече и дека сака да има големо семејство, но не преголемо како би можела да се потруди секое од нејзините деца да се чувствува посебно.