Ен Хатавеј  има намера да се исели од Калифорнија затоа што е спремна таа и нејзиниот сопруг Адам Шулман да добијат принова. Актерката и нејзиниот сопруг, кои се во брак од септември, сакаат да го прошират своето семејство, но Ен сметала дека тоа ќе им оди  многу полесно ако се иселат од Калифорнија каде постојано биле „под рефлектори“.
Таа изјавила дека едвај чека да им се придружи на колешките кои имаат деца, додавајќи дека многу размилсува за медиумското внимание кое е насочено кон неа, па затоа со сопругот започнале да размислуваат каде ќе го продолжат својот живот.