Дваесетиосумгодишната Ен Хатавеј која пред две години купила стан на Менхетен, се преселила пред еден месец во помалку престижниот кварт Бруклин, кај своето момче актерот Адам Сулман.
-Сите пријателки на Ен мислат дека Адам е вистинскиот за неа. Поминувала многу време кај него во станот, и така одлучиле да почнат да живеат заедно. Таа е многу среќна и најзаљубена од секогаш-вели извор близок на актерката.
Освен што се занимава со актерство, Адам неодамна основал и своја линија на накит, и прашање на време е кога ќе креира прстен специјално за неа.