Со Оскар наградената актерка безгрижно уживала на Хаваите кога се случила неочекувана несреќа која за малку ќе ја чинела живот. Актерката Ен Хатавеј се исекла на камен, а од шокот и болката за малку не се удавила.
Почнала да мавта со рацете и да вика на помош, а освен папараците кои мирно снимале на плажата, несреќата ја забележал и еден сурфер кој одлучил да и помогне наместо да ја фотографира. Ен набрзо била на брегот, а откако се созела, му се заблагодарила на сурферот што ја спасил.