Познатата американска актерка Ен Хатавеј се породи во Лос Анџелес на 24 март и донесе на свет здраво машко дете, а таа и нејзиниот сопруг Адам Шулман убавата вест ја соопштија синоќа. Извор близок до популарните родители истакнува дека Адам и Ен се многу возбудени поради својот син, како и дека уживаат со него во друштво на блиските пријатели и семејството.
Холивудската ѕвезда во неколку претходно дадени интервјуа изјавуваше дека едвај чека да стане мајка и дека сака еден ден да има големо семејство. Зборувајќи за децата, истакнуваше дека не прави разлика помеѓу посвоените и биолошките деца и дека еден ден и би се одлучила и на тој чекор.