Ен Хатавеј последните денови од бременоста ги минува уживајќи на плажа со сопругот Адам Шулман. Акерката која има 33 години своите обожаватели ги развесели со фотографија на Инстаграм на која позира во црвено бикини и откри дека и со големиот труднички стомак изгледа неверојатно добро. На фотографијата Ен изгледа опуштено и среќно, а рацете ги држи на стомакот во кој се наоѓа нејзиното прво бебе.

 

Со оваа фотографија Ен им зададе удар на папараците кои во приватните моменти ја фотографираа без дозвола. Објасни дека објавувањето на фотографии во бикини не е во нејзин стил, но додека уживала на плажа откри дека ја фотографираат. Заклучила дека доколку вакви фотографии излезат во јавност, тогаш тие треба да бидат оние на кои изгледа среќно и кои ќе бидат фотографирани со нејзина дозвола.