Актерката Ен Хатавеј во едно интервју открила дека е опседната со сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон. Актерката, која во септември се омажила за актерот Адам Шулман, рекла дека е воодушевена од војвотката од Кембриџ.
Таа додала и дека многу и се допаднала кралската венчавка. Изјавила дека била скептична и цинична околу целиот настан, но кога ја видела венчавката била воодушевена. Додала дека венчавката со најдобриот пријател навистина е бајковита, без оглед на тоа што тој е принц.