Поради улогата на проститутката Фантина во филмот “Les Miserables“, актерката Ен Хатавеј ослабела тринаесет килограми. За време на слабеењето таа не јадела воопшто цели тринаесет дена.
-Полни тринаесет дена додека снимавме не изедов ама баш ништо. Никаква храна- рекла Ен. Пред снимањето, актерката започнала диета. Во рок од три недели, на самиот почеток симнала пет килограми. Потоа, на снимањето ослабела уште осум.

Режисерот на филмот во почетокот се двоумел дали да ја ангажира познатата актерка за оваа улога или не.
-Се двоумеа поради тоа што сум премлада за да ја глумам Фантина, а престара за да ја глумам нејзината ќерка Козет. Сепак, кога видоа колку сум упорна, одлучија да ми дадат шанса-вели актерката.

По завршувањето на снимањето била депресивна, а сега само сака да ја врати својата нормална килажа.