Енџи Стоун, соул пејачката која се прослави како член на пионерското женско хип-хоп трио Секвенс, а подоцна стана истакната соул пејачка, почина на 63-годишна возраст.
Стоун загина во сообраќајна несреќа во Монтгомери, Алабама во саботата рано наутро. Претставник на пејачката потврди за “Variety” дека таа се враќала од шоу со членовите на нејзиниот бенд кога нивниот автомобил се превртел. Стоун била единствена жртва во несреќата.
Пејачката номинирана за Греми беше најпозната по нејзиниот хит од 2001 година „Wish I Didn’t Miss You“, што и донесе планетарна слава.
Во текот на нејзината кариера, таа издаде 10 соло албуми и беше номинирана за три Греми, вклучувајќи ја и најдобрата R&B изведба од дуо или група со вокал во 2003 година и најдобра женска R&B вокална изведба следната година.
OhridNews