Екипата на Електро-машинскиот училишен центрар “Свети Наум Охридски“ е победник на општинското првенство во ракомет, што на 19 февруари се одигра во спортската сала “Билјанини извори”. На првенството учество зедоа  трите училишта од нашата опшина и тоа:Гимназијата “Св.Климент Охридски”, ЕМУЦ”Св.Наум Охридски” И Средното угостителско Училиште “Ванчо Питошевски“.

Првиот натпревар се играше помеѓу екипите на Гимн.”Св Климент Охридски” И Емуц “Св.Наум Охридски”.  Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера а на крајот победи екипата на “Св.Наум Охридски” со резултат 14:11.

Во вториот натпревар се сретнаа екипите на Гимназијата и средното угостителско училиште”Ванчо Питошески”. Средбата заврши со победа на Гимназијата 16:12.

Третиот натпревар се одигра помеѓу екипите на ЕМУЦ ”Св.Наум Охридски” и Средното угостителско училиште”Ванчо Питошевски”. Во тврд натпревар неизменично доаѓаа во водство и едните и другите, а на крајот победи екипата на ЕМУЦ со што го заслужи  првото место на ова општинско првенство.

Второполасирана беше екипата на Гимназијата, а последни беа Средното угостителско училиште”Ванчо Питошески”.