Средношколците од ЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ ќе го претсвуваат Охрид на државниот натпревар по прва помош.

На општинскиот натпревар што вчера се одржа во ОУ “Св. Климент Охридски“, екипата на ЕМУЦ победи во категоријата младинци, со што обезбеди учество на државниот натпревар што идниот месец ќе се одржи во Скопје. На натпреварот учествуваа над 150 деца кои изминатите неколку месеци беа обучувани од Црвениот крст.

Интересот на децата за прва помош е голем велат од охридскиот Црвен крст, од каде најавуваат дека и во иднина ќе продолжат со реализација на програмата за обука на учениците, но и на возрасните за давање прва помош. 

Г.М.