Љубителите на театарот синоќа уживаа во охридската премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски, во режија на Константин Плевнеш.


фото: Емил Јовановиќ

Претставата е во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз,Франција. одготвувана е во измиматите две години, а нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006).

Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска, видео-арт Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер. Во рамките на претставата користени се и слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.

Претставата покрај извонрендната актерска екипа и глума, има моќна музика и визуелни ефекти. За одличната изведба актерите во „Дениција“ беа наградени со долг аплауз од охридската публика.

OhridNews
фото: Емил Јовановиќ