Иако луѓето кои патат од Алцхајмерова деменција брзо ги забораваат случувањата и понатака ги помнат емоциите кои тие случувања ги предизвикале.
Алцхајмеровата болест го брише помнењето, но само случувањата, а не и емоциите поврзани со нив, покажало ново истражување спроведено на Универзитетот Ајова, во коe испитаниците кои боледуваат од Алцхајмерова болест и здрави луѓе гледале 20-минутни филмови, весели и тажни.
5 минути по прикажувањето на секој филм испитаниците се повикани да прераскажат на што се сеќаваат од филмовите.
Луѓето кои пателе од Алцхајмерова деменција се сеќавале на многу малку од содржината на филмот, за разлика од здравите испитаници, а некои не се ни сеќавале дека го гледале филмот. Но, чувствата на тага или радост кои ги предизвикале филмовите траеле и до половина час откако ги гледале филмовите.
Научниците истакнуваат дека резултатите од истражувањето им порачуваат на семејствата од луѓето кои патат од деменција дека позитивните чувства кај заболените ќе потраат, иако можеби нема да се сетат дека некој од членовите на семејството ги посетил.
извор:metro-portal.hr