Пред десет години во Струга, братството и сестринството од Бигорскиот манастир и манастирот Рајчица, Дебарско-кичевската епархија, родољуби и почитувачи на традицијата, ја обновија Струшката литија  – еордија, која се одржува по повод празникот Св. Георгиј Победоносец, Ѓурѓовден. Оттогаш традицијата растеше и се омасовуваше секоја година, но секогаш беше достоинствена и во духот на празникот посветен на големиот светител, чии мошти се изнесуваа пред многу илјадниот народ. Оваа година поради состојбата предизвикана од коронавирусот Ковид 19, традицијата ќе ја одбележат само монасите од манастирите и свештенството од епархијата, без присуство на народ во литијата, додека граќаните ќе можат да ја гледаат од страна со држење на потребната дистанца.

Охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец во очи големиот празник, изготви краток, но емотивен видео запис од величенствената ѓурѓовденска литија 2019, традиција кој буди силни чувства, како најава дека со силна вера, почитување и единство, ќе ја надминеме големата криза и повторно еордијата на радоста ќе ги исполни улиците на Струга.

Величенствената ѓурѓовденска еордија 2019 во Струга

Г.М.