Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс и публиката во „Стејплс Центарот“ пред натпреварот со Портланд им оддадоа последна почит на Коби Брајант, неговата ќерка Џана и седумте лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари.
Во чест на Коби кој еден од најдобрите кошаркари во историјата на „езерџиите“ настапија голем број на музички звезди, а проштален говор имаше капитенот Леброн Џејмс. Тој зборуваше за значењето на Коби Брајант во клупската историја, неговиот учинок како кошаркар и улогата на сопруг и татко.
Во текот на 20-годишната кариерата Коби Брајант во дресот на „лејкерси“ освои пет шампионски титули и во два наврати беше одбиран за најдобар кошаркар во финалните серии.
OhridNews