Вистинско музичко уживање со безвременските хитови на извонредниот Оливер Драгојевиќ, приредија вечерва на плажата Куба Либре музичарите од Здружението на џез музичари на Македонија: Дамир Имери – клавир, Предраг Икономовски – гитара, Бодин Попов – тапани, Дарко Муцев – бас, Сашко Николовски – тромбон, Кирил Кузманов – сакс, Трајчо Велков – труба, Дејан Бобич Дексо – Вокал.

Цесарица, Брод у боци, Магдалена, Без тебе… и други незаборавни хитови потсетија на блескавата музичка кариера на Оливер, кој неодамна го напушти овој свет.

Емотивното сеќавање на Оливер на плажата Куба Либре разбуди многу спомени на убави времиња на кои  секогаш ќе не потсетува музиката на далматинецот со очила и широка насмевка.

Емотивно сеќавање на Оливер Драгојевиќ во Куба Либре

OhridNews
Фото: Стојан Стојаноски „2S Studio“